Гостин во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ едно од најголемите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, Марјан Србиновски.
Предводникот на новиот амбициозен проект КК Соколи 1933 од Штип, поранешен македонски селектор и член на стручниот штаб од ЕП 2011 во Литванија, меѓу бројните теми се осврна и на онаа околу финансиската сигурност на домашните кошаркарски клубови.
Според Србиновски, на македонската кошарка и недостасува посветен финансиер како што е Алкалоид во ракометот.
„АЛКАЛОИД, чиј е клубот? Се додека во кошарката не се појави некој АЛКАЛОИД во ракометот, така да ја сака кошарката, таков тренер да земе што влегува во сала цел ден работи со децата, такво име и презиме, ние само ќе зборуваме напразно. Додека не дојде газда што секое евро, секој денар што е потрошен ќе знае каде е отидено, ние само ќе лутаме….“ – вели Србиновски и дополнува:
„Па, дошол овој, градоначалник сака да направи ова и така две-три години…, па ќе дојдат пак избори. Чекајте сега избори, па доаѓа овој, па доаѓа оваа партија, па чекај да ги смениме овие со друга партија. Затоа ова вака кај нас се случува“.
===========================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРЈАН СРБИНОВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
