Гостин во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ едно од најголемите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, Марјан Србиновски.
Предводникот на новиот амбициозен проект КК Соколи 1933 од Штип, поранешен македонски селектор и член на стручниот штаб од ЕП 2011 во Литванија, меѓу бројните теми се осврна и начинот како да ја „воскреснеме“ домашната кошарка.
Како кошарката да ја вратиме повторно да биде спорт број еден, преку продукција на нови млади таленти….
„Секогаш е дилемата дали да форсирате млади играчи и да следите како растат, како напредуваат или да барате само да бидете шампион!? Според мене, она првото е подобро. Гледате една Мега во Србија како ги има поставено работите, погледнете колку играчи има создадено. Тие не освојуваат титули, но тука се постојано при врвот и во домашното првенство и во АБА лигата. А, што прават тие?“ – вели Србиновски и дополнува:
„Тие ги собираат најдобрите играчи од ашиот регион, па и од други места. Работат сериозно. Ете ви правилен концепт, само треба да се препише. Појдете во Белград и само препишете го тоа. Ете ви како треба да функционира еден клуб во Македонија. Имам милион евра и ги собирам најдобрите играчи од Македонија. Им давам добри услови, земам добри тренери, помошници, скаути, кондициски, прв тренер и се влегува во сала. Помалку се зборува, повеќе се работи и треба да се има трпение. Три години, четири години и да видиме што резултат ќе се добие. Мислам дека сега е моменто во Македонија да се почне со тоа!“
ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
