Србите „2 во 1“– Обрадовиќ ќе биде селектор и на женската и на машката репрезентација

Селекторот на женската репрезентација на Србија, Љубомир Обрадовиќ, ќе ја предводи и машката репрезентација на претстојниот собир во неделата на ЕХФ во кој Србите ќе одиграат и два контролни натпревари со Германија.

Претходниот селектор, Јовица Цветковиќ, беше сменет по настапот на ЕП во Хрватска и серијата скандали во србскиот национален тим што излегоа на виделина во текот и по завршувањето на првенството. По разрешувањето на Цветковиќ, во изминатите неколку недели, раководството на Ракометниот сојуз на Србија, не најде адекватна замена за испразнетата клупа, па како времена солуција одлучи Обрадовиќ да ја преземе репрезентацијата за оваа акција, а потоа да се најде трајно решение пред дуелите со Португалија во јунскиот бараж за СП 2019.

Се вчитува...