Србите порачуваат: Може да следат суспензии од ЕХФ колку сакаат, но ние Косово не го признаваме

ЕХФ одлучи да ја исфрли младинската репрезентација на Србија од квалификациите за СП за ракометарки до 20 години, откако Владата на Србија одличи да не се игра мечот со Косово. Беше јасно дека ќе следат санкции, но како што порачуваат сега од Србија воопшто не се загрижени за суспензијата од Европската ракометна федерација.

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача синоќа од Брисел дека откажувањето на тој меч со Косово било единствената можна исправна одлука…

„Натпреварот е откажан оправдано. Тие деца не се за ништо виновни. Но, на теротиријата на цела Србија такви мечеви нема да се играат затоа што ние Косово не го признаваме. Невозможно е со непризнаена држава да играме на територијата на Србија. Може да следат суспензии колку сакаат но ние Косово не го признаваме“ – истакна синоќа Вучиќ.

Се вчитува...