Новак Ѓоковиќ со своето присуство и тоа како го збогати пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Србија, кој синоќа се одигра во Стожице.
Словенците на крај победија против тимот на Светислав Пешиќ со 97-92 по продолжение со одличната игра на ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ кој постигна 34 поени и го предводеше својот тим до победата.
Па, на крај двете ѕвезди имаа и тоа како срдечна средба. Лука по дуелот соопшти дека средбата и постојаната комункација со Новак Ѓоковиќ и тоа како му значи, впрочем спортските пријателства секогаш носат возбуда…
Just @DjokerNole and @luka7doncic sharing some thoughts. 🔥 pic.twitter.com/GcOXjzgIEM
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) August 17, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА