Сребрени медали за Аљоша и Јадранка Недеви на Интерконтиненталниот куп во традиционално карате во Вроцлав (ФОТО)

Македонските каратисти Аљоша Недев и Јадранка Недева во исклучително силна конкуренција во сениорска конкуренција освоија сребрени медали во дисциплината кати за сениори на ИТКФ Интерконтиненталниот куп во традиционално карате што се одржа во Вроцлав, Полска.

На купот во традиционално карате на кој учествуваа 700 натпреварувачи од цел свет, македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно две златни медали, три сребрени и два бронзени медали.

Најуспешна наша натпреварувачка беше Камелија Недев која освои две први места во кати и кихон ипон кумите за деца 12-13 години.

Кадетот Матеј Мангаровски освои бронзен медал во кати во кадетска конкуренција. Софија Јарчевска освои второ место во кихон ипон кумите за деца 12-13г. Трето место освоија Филип Недев во џиу ипон кумите за деца од 10-13 години и Максим Поп Трпев освои бронзен медал во кихон ипон за деца 8-9 години.

Се вчитува...