Сребрениот Георгиевски на прием во Агенцијата за млади и спорт

По повод сребрениот медал на Дејан Георгиевски освоен на Европско Сениорско Првенство 2020 во Сараево, претседателот на МТФ Д-р Борче Костовски и медалистот Дејан Георгиевски беа на официјален прием кај диркеторот на Агенцијата за Млади и Спорт Наумче Мојсовски.
Директорот на АМС истакна дека овие врвни резултати во континуитет на еден олимписки спорт се од врвно значење за Македонија и дека секогаш кога се во прашање цели за остварување на врвни спортски резултати тој ќе дава голема поддршка за нашите спортисти од македонската таеквондо репрезентација во сите возрасти.
Претседателот на МТФ истакна дека федерацијата има сериозен план за продолжување на овие големи резултати и во иднина, крунската цел на федерацијата се олимписки норми и медали од олимписки игри. Дејан Георгиевски истакна дека ќе даде се од себе да ја издрадува оваа нација со медал од олимписки игри.

Се вчитува...