Сребро во кати за Дејан Недев на Светскиот куп во Италија

Македонскиот каратист Дејан Недев освои сребрен медал во кати на Светскиот обединет карате куп во Лињано Сабјадоро, Италија. Тој во финалето беше грубо оштетен од судиите кои му беа наклонети на домашниот напреварувач од Италија, кој за неколку класи послабо од Дејан ги изработи катите. Тоа беше очигледно за публиката и за целата јавност која го следеше финалето.

Дејан Недев за класи беше подобар во изведбите на катите (поцврст, поексплозивен, поенергичен) од победникот, на кого судиите буквално му ја подарија победата и златниот медал.

Се вчитува...