Српски „потрес“ пред ЕП: Перуничиќ е како Мурињо

Атмосферата во српската репрезентација на помалку од 20 дена до почетокот на ЕП е нарушена откако селекторот Ненад Перуничиќ реши да ја прекине соработката со својот прв помошник Недељко Јовановиќ. Се чинеше дека двајцата стручњаци соработуваат беспрекорно, но Јовановиќ обелодени дека односот на Перуничиќ бил далеку од посакуваното професионално ниво.

„Точно е дека веќе не сум помошник во репрезентацијата, од селекторот добив СМС порака дека веќе не сум му потребен. Го барав, сакав да помогнам, не ми се јави, само ми прати СМС. Тоа е негова одлука и секако дека ја почитувам, но сакам да се знае како се однесува Ненад Перуничиќ во репрезентацијата. Јас му бев прв помошник, а ниту еднаш ми се немаше јавено на телефон. Се што сакаше, го бараше со СМС. Човекот мисли дека е Жозе Мурињо“ – критикува Јовановиќ.

Србија е дел од групата А од европскиот шампионат, каде ќе играат уште и селекциите на Хрватска, Црна Гора и Белорусија.

Се вчитува...