Српскиот херој Пријовиќ: За ова се сонува како дете

Александар Пријовиќ влезе во игра како резерва на „Маракана“ и само 15 минути подоцна ги крена домашните фанови на нозе – постигнувајќи го погодокот со кој Србија го осигура првото место во групата и пласманот на СП 2018.

За новиот херој на српската репрезентација ова е прв гол во националниот тим, откако во февруари доби дозвола од ФИФА да настапува за нашиот северен сосед. Имено, членот на ПАОК е роден во Швајцарија, ги минал сите младински селекции на оваа земја, но кога дојде време да се бира сениорска репрезентација, неговиот избор паднал врз Србија.

За ова се сонува како дете, навистина чувството не може да биде поубаво. Кога го дадов голот само му се заблагодарив на Бога за сите години чекање, да ми се укаже шанса за вакво задоволство. Не ни дишев додека соиграчите скокаа врз мене“ – изјави Пријовиќ.

Се вчитува...