Српското чудо од дете на чекор до Интер

Василије Костов е вистинско откровение во тимот на Црвена Звезда како во ланската, така и на стартот од новата сезона, па не е никакво изненадување што управата на српскиот тим бара отштета од 20 милиони евра за суперталентираниот играч за врска.

Костов во изминатиот период беше поврзуван со бројни клубови, а последните информации говорат дека тој е блиску до пресела во Интер. „Нероаѕурите“ сакаат да го засилат средниот ред, а на Костов гледаат како на идеално освежување и замена за Фратези, играч кој не беше стандарден меѓу првите единаесетмина, но често добиваше шанса од тренерот Киву.

Важен адут на Интер во овие преговори е Александар Коларов, поранешниот репрезентативец кој сега е прв асистент на Кристијан Киву во стручниот штаб на „нероаѕурите“.

Воедно, Никола Коларов, братот на Александар, е агент на младиот Костов, што значително ги зголемува шансите за новиотт бисер на српскиот фудбал летово да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...