Стајиќ: Гинеме еден за друг – тоа е тајната на Пелистер

Пелистер е прекрасно освежување во мак-баскетот. Избраниците на Марјан Илиевски на шест одиграни натпревари имаат и шест победи, а за овој учинок да биде уште подобар, „зелено-белите“ на пет средби ја надминаа границата на сто постигнати поени.

Од „зелено-белиот“ воз последен настрада Работнички, кој во Скопје беше поразен со 81-105, натпревар на тимот од Пелистер имаше контрола од првата до последната минута. Тимската игра ги краси „пелистерци“ во текот на целата сезона, а така беше и вчера во „Кале“ каде пет играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

„Пелистер и повеќе од заслуженото е на врвот на табелата. На сите шест натпревари покажавме одлична игра на двете страни на теренот, а секако оваа победа е најзначајна, бидејќи е против Работнички и тоа сред Скопје, што секако дава плус причина за задоволство во нашите редови. И покрај тоа што екипата е составена од одлични индивидуалци, она што не краси е тимската игра и несебичноста како во нападот, така и во одбраната. Гинеме еден за друг и верувам дека ќе продолжиме вака и во втората полусезона“ – изјави бекот на Пелистер, Бобан Стајиќ.

Се вчитува...