Стајиќ: Очекувам неизвесно дерби во кое ќе одлучуваат нијанси

Плејмејкерот на Работнички, Бобан Стајиќ, очекува нов неизвесен дуел на вечното дерби во македонската кошарка против МЗТ Скопје Аеродром. Натпреварот ќе се одигра в сабота во „Градски парк“, со почеток во 17.30 часот.

„Очекувам неизвесен натпревар, ќе биде густо до самиот финиш како и секое дерби, но се надеваме дека на крајот ние ќе се радуваме на победата“, вели Стајиќ.

Предност за неговиот тим треба да биде фактот што тој и соиграчите мечот ќе го дочекаат одморени, додека МЗТ Скопје имаше тешки натпревари во АБА 2 лигата.

„Мала предност е што МЗТ играше против Сутјеска во текот на седмицата, а ние сме одморни, без натпревари и последните две седмици сме фокусирани само на дербито“.

Стајиќ вели дека домашниот терен ќе биде од огромно значење за неговиот клуб, бидејќи МЗТ има неколку нови играчи кои не знаат како е да се игра во „Градски парк“.

Актуелниот македонски шампион е во серија од четири победи против својот најголем ривал.

Се вчитува...