Станковиќ е веќе „поранешен“ во Црвена Звезда, Шпанец седнува на клупата!?

После болниот пораз и елиминацијата од Хапоел Бер Шева, веќе почнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде новиот тренер на Црвена Звезда. Дејан Станковиќ веќе нема што да бара на „Маракана“, откако вчера по исклучувањето, откако се упати во соблекувалната, „полуде“ кон навивачите и гестикулираше. Тоа фановите сигурно нема да му го заборават, а и после мечот тој во соблекувалната се збогувал со играчите и со стручниот штаб.

Сега веќе почнаа информациите околу тоа кој би можел да го наследи. Наводно „прв пик“ одново Владан Милојевиќ, но тој веќе прифатил понуда од Кина, а со оглед на лошата разделба на крајот од минатата година, оваа опција засега не е реална.

Низ српските медиуми кружи информација за Ненад Милијаш, кој е тренер на ТСЦ Бачка Топола. Исто така се споменува и „кам-бек“ на Милош Милојевиќ, актуелен тренер на Ал-Наср од ОАЕ.

Исто така се споменува и Александар Коларов, поранешен капитен на Србија, кој сега е помошник на Кристијан Киву во Интер.

Сепак, се чини, во моментов најреална опција е шпанскиот тренер Алберт Риера. Риера е слободен агент откако доби отказ од Ајнтрахт Франкфурт, на чија клупа не успеа да се снајде, а направи големи резултати со словенечкиот тим Цеље.

По елиминацијата од ЛШ, сега Звезда против Викторија Плзен ќе се бори за пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

Се вчитува...