Станковски: Разочараност од поразот, ќе следи детална анализа за игрите на тимот

Работнички во Струмица го доживеа вториот пораз во низа во првенството, откако загуби од Победа со 2-0. Прикажаната игра и резултатот апсолутно го разочараа тренерот Горан Станковски, кој најавува детална анализа за игрите на својот тим.

„Разочарувањето е големо. Мора да истакнам дека не сум задоволен ниту од изданието, а секако и од резултатот на последниот меч против Победа во Струмица. Имавме и играч повеќе во одреден период од натпреварот, и тоа не успеавме да го материјализираме. Противникот покажа голема желба за успех и на крајот успеа да дојде до бодовите, а ние останавме со празни раце. Ќе мора детално да ги анализираме состојбите во тимот и нешто категорично ќе треба да се менува“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...