Стариот добар Мурињо: Да научиме да победуваме со 1-0

Реал Мадрид славеше на гостувањето против Ла Коруња со 1-0, а Жозе Мурињо јасно им порача на своите фудбалери да се навикнуваат да добиваат вакви натпревари и со минимален резултат.

„Секако дека сакате да победите што поубедливо на секој натпревар. Сепак, кога веќе не можете да ја наполните мрежата на противникот, важно е да се научи да се победува и со 1-0. Тоа исто така е резултат што носи три бода“, прокоментира Мурињо, кој низ годините освојуваше бројни трофеи токму благодарение на цврстата одбрана и многу победи изразени токму со 1-0.

Овојпат тој ќе има офанзивен дрим-тим на располагање во Реал Мадрид, а португалскиот стратег не крие дека очекува тимот да игра многу подобро во иднина.

„Можам да кажам дека напредуваме во секој поглед на секој нареден натпревар. Задоволен сум како изгледаме во моментов, но и знам дека можеме многу, многу подобро. Сериозните работи почнуваат од следната седмица и ние ќе бидеме подготвени за предизвиците пред нас“, порача новиот тренер на Реал.

Се вчитува...