Засилувајќи ги редовите за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница официјално го промовираше искусниот дефанзивец Виктор Велкоски како свое нов име.
Всушност станува збор за повратник во тимот кој освен во стоперската линија, може да игра и на позицијата на последен играч за врска.
Искусниот Велкоски има 30 години, богата кариера во која настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа, Брегалница, а има и интернационално искуство во Лачи (Албанија), Егиниакос (Грција) и Туран (Казахстан).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
