Со четири натпревари денеска стартува и натпреварувањето во сезоната од Купот на Македонија. Со денешните први 1/16-финални дуели започнува битката за трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Денска се играат натпреварите Победа Валандово – Струга ТЛ, Студеничани – Пелистер, Велазерими – Македонија ЃП и Венец Неготино – АП Брера, а останатите од првата рунда се играат низ наредниот период до средината на октомври.
Актуелниот освојувач на трофејот, екипата на Силекс има директен пласман во осминафиналната рунда, а Шкендија Тетово по немилите настани од пртходното финале, оваа сезона нема да се натпреварува во Купот на Македонија.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – (1/16-ФИНАЛЕ, денеска – 16.30 ч.)
Победа Валандово – Струга ТЛ
Студеничани – Пелистер
Велазерими – Македонија ЃП
Венец Неготино – Брера
УТРЕ, 03.септември – 16.30 ч.
Овче Поле – Вардар
09. септември, 16 ч.
БВК Коњаре – Башкими
Детонит – Шкендија Арачиново
Кожув – ФК Скопје
Новаци – Охрид
Осогово – Беласица
Саса – Шкупи
Тетекс – Брегалница Штип
24.септември – 16 ч.
Могила – Арсими
06. октомври – 15 ч.
Кросу Спорт Битола – Тиквеш
14. октомври – 15 ч.
Вардар Неготино – Работнички
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
