Стартува пингпонгарското првенство: Суперлигата со осум екипи

По неколкумесечната пауза викендов стартуваат натпреварувањата во сите лиги во пингпонгарското првенство на Македонија.

Во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 33 клубови поделени во три различно рангирани лиги. Во Супер лигата која е најквалитетна ќе се натпреваруваат 8 клубови исто колку и во Првата лига. Клубовите од Втората лига се поделени во три региони, два региони по 6 клубови и еден регион со 5 клубови.
Во женска конкуренција има една лига со 7 екипи.

За сезоната 2019/20 пријавени се вкупно 281 играч, во сите конкуренции, од кои 126 играчи се помлади од 21 година.

Првенството во двете најквалитетни лиги започнува со првиот турнир, каде што во првото коло ќе се сретнат финалистите од плеј офот Вардар и Младост. Се очекува тоа да биде дерби на есенскиот дел, бидејќи прилепски Младост е засилен со играч од соседна Србија.

После првите два турнири во Скопје следува интернационален турнир за јуниори и кадети, на кој своето учество го пријавија повеќе од 100 играчи. Турнирот ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски од 8. до 12. октомври.

Се вчитува...