Стартува шпанската Ла Лига, но гигантите не играат викендов

Со натпреварот меѓу Алавес и Хетафе што стартува вечерва во 19.30 часот и официјално ќе стартува новата сезона во шпанската Ла Лига во која Барселона ќе ја има улогата на бранител на трофејот, но Реал Мадрид предводен од Жозе Мурињо ќе стори се за да се врати на тронот на шпанскиот фудбал.

Она што е интересно, првото коло ќе биде некомплетно и викендов ќе се играат само шест средби, а главните фаворити своите премиерни дуели ќе ги играат нешто подоцна. Имено, раководството на Ла Лига инсистираше на почеток на сезоната на 15 август, но синдикатот на фудбалери се повика на колективниот договор што им гарантира одмор на репрезентативците кои настапува до крајот на мундијалот.

Поради ова голем дел од ѕвездите на Реал и Барса неодамна почнаа со тренинзи, па беше најден компромис – овие екипи нешто подоцна да ги играат своите натпревари од првата рунда.

Покрај мечот Алавес – Хетафе, денеска се уште уште дуелот Севиља – Рајо Ваљекано. Викендов ќе се одиграа уште средбите Расинг – Виљареал и Еспањол – Леванте, за понеделник е закажана средбата Ла Коруња – Елче, додека Атлетико Мадрид новата сезона ќе ја стартува в среда, на домашен терен против Малага.

Реал Мадрид својот одложен меч со Реал Сосиедад ќе го игра на 26 август, еден ден пред пресметката на Атлетик Билбао и Барселона.

Претходно, Реал и Барса ќе ги играат своите натпревраи од второто коло, „кралевите“ на 22 август ќе се сретнат со Еспањол, додека Барселона за ривал ќе го има Елче.

Се вчитува...