Стартуваат и второлигашите: Амбициозниот Борец го „освојува“ Истокот!

Со девет натпревари денеска од 16:30 часот стартуваат и натпреварите од второлигашкото натпреварување во домашниот фудбал, сезонава со поделба на две втори лиги со по десет екипи – ИСТОК и ЗАПАД.

Без сомнение, исклучително интересно се очекува да биде на Истокот каде во трка за влез во елитата следната сезона се дури девет поранешни прволигаши. Меѓу нив, покрај Беласица, Тиквеш, Хоризонт Т., Брегалница…, и тоа како се издвојува амбициозниот Борец од Велес кој креираше одличен тим за „освојување“ на Истокот.

Велешани својот пат за враќање во прволигашкото друштво денеска го стартуваат со гостувањето против Победа во Валандово.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (денеска, 16:30 ч.)

Плачковица – Саса

Осогово – Кожуф

Хоризонт Т. – Брегалница

Победа – Борец

Беласица – Тиквеш (12. септември)

==============================================================

Во Втората лига – ЗАПАД, пак, новиот второлигаш Струга Трим Лум со оглед на бројните засилувања кои ги доведе се издвојува како водечки фаворит и за место во Првата лига следната сезона. Иако, како сериозна конкуренција ќе ги има Тетекс и Македонија ЃП кои повторно отворено искажуваат желба за враќање во прволигашката конкуренција.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (денеска, 16:30 ч.)

Гостивар – Локомотива

Струга Трим Лум – Лабуништа

Тетекс – Зајази

Македонија ЃП – Велазерими

Новаци – Еуромилк ГЛ

Се вчитува...