Стартуваше 50. Охридски пливачки маратон: Светскиот шампион Оливие од Франција главен фаворит, Евгениј Поп Ацев во битка за пиедестал

Стартуваше годинашното издание на Охридскиот пливачки маратон, прва од четирите трки на распоредот на серијата Ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА).

Стартот на трката беше означен во 11 часот кај Свети Наум, а првите маратонци на целта кај Градското пристаниште во Охрид се очекува да пристигнат за поколу шест часа.

На стартот на 25 километри долгата патека “Климе Савин” се појавија 12 пливачки и седум пливачки, меѓу кои и светскиот шампион на 5 километри Марк Антоан Оливие од Франција кој е и бронзен од Олимиписките игри во Рио де Жанеиро и шестопласиран на последните олимписки игри во Токио. Меѓу главните фаворити за победа во Охрид е и неговиот сонародник Аксел Рејмонд, светскиот шампион на 25 километри за 2019 година, како и нашиот Евгениј Поп Ацев, победник на ФИНА Светската серија на Ултра маратони 2019 година. Од македонските маратонци во водите на езерото влезе и Александар Илиевски.

Кај жените на стартот, меѓу најпознатите се освојувачката на сребро на десеткилометрскиот маратон во Доха – Ошан Касињол, како и добропознатата неколкукратна победничка на охридскиот маратон – Пилар Гељо од Аргентина.

Организатори на Охридскиот маратон се Пливачката федерација и ФИНА. На 28. август ќе се одржи и трка од серијата маратони на 10 километри на ФИНА.

Се вчитува...