Статистика: Кесар ги предводи поентерите, Смит „скокачите“, а Ворку асистентите (ФОТО)

Регуларниот дел од Првата кошаркарска лига ни донесе 132 возбудливи натпревари во кои беа забележани и изненадувачки резултати, тримфи со повеќе од 50 поени, триумфи и по неколку продолженија, а во пресрет на возбудувањата кои следат во Суперлигата и плеј-аутот, ова се најдобрите пет статистички лидери во категоријата постигнати поени, скокови и асистенции.

Лидер на поентерите е Игор Кесар, кошаркарот на Пелистер кој во просек постигнуваше 19.5 поени. Него го следи кошаркарот на ТФТ, Ландриус Хортон со 19.2 поени, а потоа следат Стефан Крстајиќ со 19.0, Кахим Рансон од МЗТ Скопје 2 со 18.7 поени и Двејн Морган кој ги бранеше боите на Феникс 2010 со 18.0 поени во просек.

„Најдобар скокач“ во првенството е Амир Смит од ТФТ со 9.2 скока по натпревар, а потоа следат Самет Јигитоглу од МЗТ Скопје 2 со 8.5, Немања Милошевиќ од МЗТ Скопје со 8.0, Кирил Николовски со 7.8 и Двејн Морган со идентичен број на скокови по натпревар како Македонецот.

Најдобар во додавањата е Ијасу Ворку кој ги бранеше боите на Гостивар со 7.1 асистенција по меч. Александар Костоски од ТФТ остварува просек од 6.2, него го следат Бобан Стајиќ и Марјан Младеновиќ од Пелистер со по 5.5, односно 4.8 асистенции по натпревар, а петтото место му припаѓа на Кахим Рансон со 4.5 асистенции по натпревар.

Интересно, по завршувањето на регуларниот дел од првенството, дел од кошаркарите кои ги предводеа своите тимови во овие статистички категории ги променија боите па ќе биде интересно да видиме како ќе се поклопат во новите клубови.

Се вчитува...