Статуата изградена во чест на најдобритот аргентински фудбалер на денешницата, Лионел Меси, синоќа е демолирана од страна на вандали, објавија од Буенос Аирес, градот каде статуата беше поставена минатата година.
Градоначалникот на градот, Ајрес Орасио Родригез истакна како статуата е најдобар начин за да му покажат на Меси колку го почитуваат и дека со него на челото на националниот тим сакаат да го освојат Мундијалот во Русија идната година.
„Статуата на Лионел Меси се најде на мета на вандали и е уништена. Остана без горната половина. Веднаш почнавме со реконструкција која ја започна градската управа и во најскоро време ќе биде поправена“ – стои во соопштението на градските власти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА