Ставрев ќе ја дели правдата меѓу Ерменија и Казахстан

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ги стартува своите интернационални активности и во 2017 година. Ставрев од УЕФА е определен да ја дели правдата на квалификацискиот натпревар од Групата Е за пласман на СП 2018 во Русија, меѓу Ерменија и Казахстан кој на 26. март се игра во Ереван.

На Ставрев ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а четврти судија на мечот ќе биде Дејан Јакимовски.

Ова е втор натпревар во квалификации за СП кој го суди Александар Ставрев во Ереван. Претходно во 2009 година го судеше и квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2010 меѓу Ерменија и Белгија.

Се вчитува...