Ставрев ќе му суди на Николов против Челси во Лига Европа

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев е делегиран од УЕФА и за натпреварите од последното коло во групната фаза од Лигата на Европа.

Ставрев ќе го суди во четврток натпреварот меѓу Мол Види, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов, и англискиот премиерлигаш Челси.

На Ставрев ќе му помагаат Марјан Кировски, Дејан Костадинов, Димитар Мечкаровски, Дејан Јакимовски и Нилола Караколев.

Се вчитува...