Најдобриот македонски фудбалски судија, интернацционалецот Александар Ставрев повторно е ангажиран од страна на Судиската комисија на УЕФА. Тој ќе биде главен судија на квалификациониот натпревар за настап на Европското првенство идната година меѓу репрезентациите на Грузија и Шкотска. Средбата се игра на 16. ноември во Тбилиси. Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, четврти судија ќе биде Ива Пројковска.
За првпат на меѓународната сцена Пројковска ќе биде заедно со Александар Ставрев и тоа на машки сениорски репрезентации. Пред две недели, исто така за првпат во историјата на македонскиот фудбал, Ива Пројковска беше главен судија на младинските машки екипи во Лига на европските шампиони меѓу ПСВ Ајндховен и Ленс. Судеше и на машки екипи во Првата лига на Македонија.
На европската сцена ќе се појави и младиот меѓународен судија Игор Стојчевски, кој ќе биде еден од судиите на квалификациониот турнир за настап на европското првенство, фудбалери до 17 години што ќе се одржи во Романија од 15 до 22 ноември во Букурешт. Со него ќе пагтува и Гоце Петрески. На турнирот ќе учествуваат репрезентациите на Романија, Норвешка, Франција и Естонија. Стојчевски ќе биде главен судија на мечевите Романија-Норвешка и Романија-Франција.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА