По турболентниот период со смена на раководството македонскиот најтрофеен кошаркарски клуб полека се екипира за вториот дел од сезоната, а по ангажманот на неколку домашни и странски засилувања на прагот на камбек во Работнички е Стефан Балмазовиќ.
Српскиот интернационалец со успешност го носеше „црвено-белиот“ дрес претходната сезона, но ја пропушти завршницата на сезоната поради финансиски проблеми. Крилниот центар одигра 11. натпревари во домашното првенство каде бележеше просек од 17.5 поени со 39 отстотна реализација за три поени на кои додаде и 5.3 скока, а беше и еден од клучните играчи во АБА2 лигата.
Со Балмазовиќ се очекува да се комплетира ростерот кој ќе му биде на располагање на Игор Михајловски до крајот на сезоната. Како потсетување во претходниот период тимот го засилија и странците Дион Едвин и Џејлен Гади кои ќе дебитираат на следниот прволигашки натпревар, како и Даниел Нацевски и Иван Волкановски кои своето деби го имаа во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА