Стефан Коцев пред трансфер во казахстански Каспиј Актау!

Брегалница, покрај промоцијата на млади фудбалери, продолжува да биде и еден од најпрепознатливите домашни клубови последниве години кој овозможува интернационален развој на своите фудбалери, со уште еден забележителен трансфер. Како што дознава ЕКИПА, раководството на Брегалница е во финални разговори за трансфер на деснокрилниот дефанзивец Стефан Коцев во редовите на казахстанскиот суперлигаш Каспиј Актау.

По продажбата на Мартин Стојанов и Јован Манев, кои минатата година од Брегалница стартуваа свои интернационални кариери, штипските „сини“, како што дознаваме, ги финишираат разговорите со Каспиј Актау и за трансфер на 28-годишниот Стефан Коцев во желбата непречено да се овозможи на дефанзивецот можност за нова интернационална одисеја, а клубот да заработи од реализираната продажба.

Коцев, кој потекнува од младинската школа на Брегалница, претходно во својата кариера има настапи и за кратовски Силекс на домашната сцена, како и за косовска Лирија и грчкиот Енози. Штипјани на почетокот од зимскиот преоден рок на десната бековска позиција го ангажираа и младинскиот репрезентативец Анџело Николовски, кој е повратник во клубот.

Се вчитува...