Стефан Ристовски асистент при победничкиот гол за Динамо Загреб (видео)

Динамо Загреб по одличниот настап во Лигата на Европа продолжи со серијата победи и во хрватскиот шампионат, совладувајќи го незгодниот состав на Горица со 1-0.

Аријан Адеми доби заслужен одмор, но затоа на висина на задачата беше Стефан Ристовски. Десниот бек на македонската репрезентација не само што беспрекорно ги заврши сите дефанзивни задачи, туку и беше асистент при единствениот погодок на мечот, кога по неговиот центаршут Бруно Петковиќ со глава ја смести топката во мрежата.

Победничкиот гол на Динамо Загреб и асистенцијата на Ристовски можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...