По бројните шпекулации околу својата фудбалска иднина, македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски конечно со нов клуб. Заминува од Спортинг Лисабон и продолжува во редовите на хрватскиот шампион Динамо Згареб.
Како што пренесоа официјално португалските медиуми, трансферот на Ристовски во Динамо Загреб изнесува 1,3 милиони евра, дополнително со договори и за бонуси врз основа на настапите и резултатската успешност во новиот клуб. Спортинг Лисабон ќе добие и 10% од евентуалниот следен трансфер на Ристовски.
Stefan Ristovski has been sold to Dynamo Zagreb.!!
Per @pedromsepulveda , the 28-year-old will be reinforcing the Croatian club for 1 million euros + ranging between 300 and 500 thousand euros.
The same source says that, Sporting CP gets 10% of a future sale. pic.twitter.com/IMna9I9czW— Sporting160 EN (@Sporting160_EN) January 31, 2021
Претходно, интерес за македонскиот фудбалер покажаа и грчките Олимпијакос и АЕК Атина, но Ристовски се одлучи да се придружи на Аријан Адеми во Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА