Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, се наоѓа пред потпис со актуелниот шампион, Вардар.
И двете страни се заинтересирани за соработка, наводно веќе е постигнат договор и наскоро Ристовски би можел повторно да го облече црвено-црниот дрес.
Ристовски по заминувањето од Сараево е без тим.
Дефанзивецот дебитираше токму во дресот на Вардар, а потоа играше за Парма, Фросиноне, Кротоне, Латина, Бари, по што потпиша за Ријека. Потоа следуваше трансфер во Спортинг Лисабон за кого настапуваше две сезони.
Најдобрите моменти од кариерата ги помина во Динамо Загреб каде за четири години освои четири шампионски титули.
Се очекува тоа да не биде единствена промена во ростерот на Вардар бидејќи Герсон Родригес кој дојде како големо засилување, би можел да добие отказ. Тој поради недисциплина извесен период е суспендиран и лесно може да се случи по вечерашниот состанок со управата на Црвено-црните, да биде слободен во изборот на нова средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
