Стефан Спировски со јубилејниот 50-ти настап за Македонија

ЕКИПА во Разград, Бугарија
Владимир Булатовиќ

За Стефан Спировски, играчот од средниот ред ова ќе биде посебен натпревар. Тој стартува во првите 11, и за него ова ќе биде јубилеен 50-ти настап во дресот со државниот грб.

Фудбалерот на Македонија репрезентативната кариера ја почна во 2011 година, и стигна до бројката 50 настапи во националниот тим, а досега има еден гол во сите натпреварувања за националниот тим.

Од актуелниот репрезентативен состав повеќе од 50 настапи имаат Димитриевски, Алиоски, Ристевски и Трајковски.

Се вчитува...