Контиуниетот на настапи на Македонија на големите натпреварувања ќе продолжи и на СП 2027 откако нашите ракометари без поголеми проблеми ја минаа бараж-пречката наречена Словачка.
Максимален фокус и ангажман во текот на сите 60 минути беше наш заштитен знак и на вечерашниот реванш, противникот не беше потценет и покрај убедливата победа во Прешов пред неколку дена, па избраниците на Лазаров одиграа перфектни 60 минути пред преполните трибини на СЦ „Борис Трајковски“ (38-23) и заслужено на крајот со верните навивачи го прославија новиот мундијалски билет.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов имаше само зборови на пофалба за нашите ракометари…
„Забележавме пласман на уште едно големо Светско првенство, националниот ден на ракометот е крунисан со една победа. Радосни сме, среќни сме, мислам дека цела нација денеска се радува. Одиме на првенството и ќе се бориме таму, се надевам на уште поголеми успеси и во иднина. Имаше голема посетеност на овој меч, пред мечот, видов многу убави работи, имавме еден поинаков меч од она што сме навикнати од претходно, една атмосфера релаксирана и убедлива победа. Бевме фаворити пред двомечот, успеавме да го оправдаме тоа и одиме понатаму. Добивме двомеч без многу стресови, од сите минати баражи овој двомеч беше убедлив со две победи. Горди сме на играчите, го дадоа срцето на терен, одиграа тоа што се очекуваше и бараше од нив“, изјави Стефанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
