Стигна казната за Нејмар

Нејмар ќе мора да ги пропушти наредните два натпревари на ПСЖ во француското првенство откако Бразилецот беше санкциониран за црвениот картон што го заработи во финишот од саботното дерби со Лил.

Одличниот голгетер уште еднаш го покажа незгодниот темперамент, двата жолти картони ги доби за конфликт со противнички фудбалери, во 90 минута му беше покажан патот кон соблекувалната, а и таму беше спречен физички конфликт меѓу Нејмар и еден од играчите на Лил.

Ова значи дека Нејмар ќе го пропушти гостувањето против Стразбур, како и домашниот дуел со Сент Етјен, а неговиот камбек во францускиот шампионат се очекува на гостувањето во Мец, меч закажан за 24 април.

Се вчитува...