„Стигна новата генерација фудбалери на Барселона“

Претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу, најави дека во Барселона стигна новата генерација која треба да го води тимот во следните сезони предводена од Ансу Фати и Рики Пуиг.

„Стига новата генерација, Најубава работа во фудбалот е да се комбинираат сопствените фудбалери кои долго време победувале, со младинците кои доаѓаат со голема желба. Старите фудбалери се уште се амбициозни, на зборувам само за Лео, туку и Суарез, Пике, Алба, Бускетс… Сега доаѓа нова екипа млади фудбалери. Доаѓање на седум фудбалери во една година, вклучувајќи го и трансферот на Пјаниќ, не е лоша работа. Тоа е третина од ростерот“, изјави Бартомеу. 

Барселона откако ги загуби титулите во Шпанија, ја очекува последната битка за трофеј сезонава во Лигата на шампионите. Тие во реваншот од осминафиналето ќе се сретнат со Наполи на нашиот Елиф Елмас, а првиот меч заврши без победник 1-1.

Се вчитува...