Стивен Хендри се враќа во професионалниот снукер

Седмократниот светски шампион во снукер Стивен Хендри одлучи да се врати меѓу професионалците. Заедно со Рони О’Саливен според многумина најдобриот играч на сите времиња доби „вајлд-карта“ за новата сезона и зад масата ќе го гледаме веќе на 21. септември кога е на распоред е Европски мастерс.

Хендри од професионалната кариера се прости во 2012 година по Светското првенство, а со седум освоени титули е рекордер во овој спорт. Вкупно во кариерата освои 36 титули и само О’Саливен е подобар од него со 37. Исто така и по бројот на максимални брејкови (147) е втор со 11, зад О’Саливен кој има 15.

 

Се вчитува...