Стоилов: Сакаме полна сала против Брест Мешков

Вардар претрпе убедлив пораз од Брест Мешков во рамките од СЕХА-лигата, а „црвено-црните“ ќе имаат можност за одмазда на саботниот дуел со истиот ривал во рамките од Лигата на шампионите. Овојпат ситуацијата ќе биде поинаква, „црвено-црните“ ќе настапат со своите најдобри ракометари кои воопшто не патуваа за Белорусија, а капитенот Стоилов истакна дека очекува силна поддршка од трибинтие.

Брест Мешков е тим со кој се среќаваме секоја сезона, добро се познаваме. Јасно е дека се сериозен тим, поседуваат квалитет, а ние ќе треба да ја потврдиме фаворитската улога, играме на домашен терен и сакаме полна сала. Ќе бидеме без еден играч, но нема оправдување, мора да се оди на победа“ – изјави Стојанче Стоилов.

Во ситуација кога Борозан е суспендиран шанса ќе добие новиот ракометар од Кил, Кристијан Дисингер.

„Дисингер не е максимално подготвен, имаше само два тренинзи, но сигурен сум дека ќе го даде најдоброто од себе. Не се согласуваме со одлуката за казната за Борозан, но немаме друг избор освен да ја прифатиме“ – истакна тренерот Роберто Парондо.

Се вчитува...