Стоилов се приклучи на Шкупи во Анталија како најново засилување на тимот од Чаир

Поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Стоилов е најновото засилување на Шкупи за пролетниот дел од сезоната.

26-годишниот фудбалер од средниот ред денеска веќе се приклучува на чаирчани во Анталија каде наредниве денови ќе го мине финишот од подготовките со новиот тим.

Стоилов изминативе шест месеци беше дел од азербејџанската Зира, но по разделбата со овој клуб до крајот на сезоната ќе мине во редовите на Шкупи. Претходно во својата кариера има настапувано и за Хоризонт Турново и за Академија Пандев.

Се вчитува...