Стојанов: Во Штип против Шкендија Арачиново да се вратиме на победите

Најдобриот стрелец на Брегалница во досегашниот тек на првенството, Мартин Стојанов пред новиот предизвик во Првата македонска фудбалска лига вели дека дуелот со Шкендија од Арачиново е уште една можност за ново позитивно издание на тимот.

Стојанов потенцира дека утрешниот дуел против арачиновци е шанса за нови три бода.

„Во петок играме дома, пред нашите верни навивачи, а тоа е мотив и обврска за нас да дадеме максимум од своите можности. Во никој случај не го потценуваме противникот, но ние одиме на победа уште од прва минута и ќе атакуваме уште од прва минута. Очекувам да се вратиме на победите и да ја израдуваме нашата публика. Ги поканувам навивачите повторно да го наполнат Градски и на крај сите заедно да славиме“ – вели Стојанов, пред утрешниот дуел со Шкендија Арачиново.

Се вчитува...