Кадетската репрезентација на Македонија го освои 14. место на ЕП – Б дивизија, пласман што никако не може да се оцени како успешен особено ако се земе во предвид фактот дека овој шампионат се одржуваше во нашата земја.
Нашите млади кошаркари попладнево беа преслушани од Бугарија, уште еден меч во кој „црвено-жолтите“ се прикажаа далеку од посакуваното светло.
„Денеска не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се држевме до гејм-планот, во многу моменти бевме недисциплинирани, а тоа на ова ниво не смее да се случи. Повторно имавме многу грешки и не е добро вака да се презентираме“, истакна селекторот Дејан Стојановски.
Севкупно гледано, за кормиларот на нашиот национален тим овој пласман е реален.
„Мислам дека оваа слика е реална. Ние во групната фаза игравме на максимум. Имавме и лоши моменти, тоа е нормално, но немаме длабока клупа која може да ги компензира тие работи. Многу работа е пред нас!“, порача Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
