Стојановски седми на 400 метри-мешано, и осми на 200 метри на Светското првенство

Македонскиот пливач Андреј Стојановски го освои 7. место во финалето на 400 метри мешано на Светското првенство за глуви кое се одржува во Сао Паоло.

Стојановски до седмата позиција стигна со време од 04:45:80 минути. Златниот медал го освои Путаро Ибара од Јапонија, втор беше Витали Оботин од Русија а бронзениот медал го освои Конрад Поврозник од Полска.

Стојаноски го освои и 8. место на 200 метри пливајќи со време од 2:01.66 минути.

Македонскиот пливач на Светското првенство во Сао Пауло го очекуваат и квалификациите на 800 метри слободно.

Се вчитува...