Столе Димитриевски не ја криеше гордоста по извонредниот успех и фантастичната победа во Дуисбург над Германија, земајќи го скалпот на повеќекратниот светски првак.
Искусниот голман имаше само два удари во рамките на неговиот гол, но одбранетиот шут на Гнабри при 0-0 овозможи мечот да влезе во посакуваниот тек и на крајот да заврши со феноменална победа на Македонија.
„Ова е Македонија“, еуфорично порача Димитриевски објавувајќи фотографии од денешниот меч, како спомен на една од најголемите победи во историјата на македонскиот фудбал.
https://t.co/HcvTWNMcoE.MACEDONIA ???❤ pic.twitter.com/xLNlmRrTiB
— Stole Dimitrievski (@Dimitrievski1) March 31, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА