Столе Димитриевски во Валенсија ќе добие тренер кој предводеше селекција на СП 2026

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, наскоро ќе добие нов тренер во Валенсија и тоа човек кој водеше селекција на Светското првенство.

Управата на Валенсија постигна устен договор со Хавиер Агире да седне на клупата на шпанскиот тим кој лошо ја започна сезоната.

За да биде официјализиран договорот меѓу Валенсија и Агире, потребно е фудбалската федерација на Мексико да му даде зелено светло на фитнес тренерот Пол Лоренте, кој работеше заедно со Агире на последното Светско првенство. Тој би требало да потпише договор со Валенсија со крајот на сезоната.

Агире летово го предводеше Мексико на Светското првенство и стигна до осминафиналето, а по завршување на Мундијалот ја напушти селекторската функција.

Агире добро го познава шпанскиот фудбал бидејќи во минатото ги предводел Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспањол, Леганес и Мајорка.

Управата на Валенсија по катастрофалниот старт на сезоната, го отпушти Карлос Корбелан, а тимот на последните натпревари го предводеше тренерот на вториот тим, Оскар Санчез.

Се вчитува...