Столе и Рајо поразени од Њукасл во пријателски меч (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано загубија на гостувањето кај Њукасл со 2-1 во контролен натпревар пред продолжението на клупската сезона која беше прекината поради Светското првенство во Катар.

Премиерлигашот до водство од 1-0 стигна со погодокот на Шејн Лонгстаф уште во 4. минута во натпреварот резултат со кој се замина на пауза. Крис Вуд во 69. минута го зголеми водството за Њукасл на 2-0, додека шпанскиот клуб до крајот намали на 2-1 со автоголот на Мет Таргет.

Нашиот голман го стартуваше мечот за својот тим и ги одигра сите 90 минути. Рајо Валјекано првиот натпревар по паузата поради Мундијалот во Катар ќе го има на 21. декември на гостувањето кај Сагунтино во Купот на кралот.

 

Newcastle United [1]-0 Rayo Vallecano – Sean Longstaff 4′ from soccer

Се вчитува...