Столе и Рајо поразени од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано загубија со 2-1 на гостувањето кај Реал Мадридво натпревар од 36. коло во шпанската Ла лига.

Домаќините поведоа со 1-0 во 31. минута кога Карим Бензема го матираше Столе Димитриевски. На 1-1 израмни Де Томас во 84. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Родриго во 89. минута.

Во останатите два натпревари од понудата од 19.30 часот: Елче и Севилја одиграа без победник 1-1, додека Вилјареал го совлада Кадиз со 2-0.

 

Real Madrid [2] – 1 Rayo Vallecano – Rodrygo great goal 89’
by u/Golovking in soccer

 

Се вчитува...