Турскиот Фенербахче на нашиот Езгијан Алиоски славеше со 2-1 во пријателски натпревар против шпанскиот Рајо Валјекано во чии редови е репрезентативниот голман Столе Димитриевски.
Гостите од Шпанија поведоа со 0-1 со погодокот на Трехо во 22. минута. Во 71. минута Турците успеаја да израмнат преку Осаји-Самуел од пенал. Водство на домаќините од 2-1донесе Кинг во 76. минута, додека конечните 3-1 ги постави Кадиоглу во 83. минута.
Езгијан Алиоски беше во првата постава за својот тим и одигра едно полувреме, додека Столе Димитриевски го помина натпреварот на клупата за резерви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА