Столе наскоро со нов тренер – Валенсија го има најслабиот старт во историјата

Столе Димитриевски би требало во следните неколку дена да добие нов тренер откако резултатската криза на Валенсија беше продлабочена со синоќешниот пораз од Севиља.

Валенсија има само еден освоен бод во првите пет кола, што е најлош старт на „лилјаците“ во 106-годишната клупска историја. Досега само во две ситуации Валенсија имала едно реми и четири порази во првите пет рунди (1999 година со Хектор Купер и 2024 со Рубен Бараха), но тогаш гол-разликата не била така катастрофална како сезонава, со само еден постигнат и дури десет примени погодоци.

Повеќе од јасно е дека тренерот Карлос Корберан нема капацитет да најде излез од оваа тешка ситуација, па челниците на клубот веќе закажаа состанок на кој се очекува да биде донесена одлука за промена на кормилото.

Со оглед на формата на Валенсија, јасно е дека тоа треба да се случи што поскоро…

Се вчитува...