Фудбалерот на Белгиски Лувен, Софијан Кијине, утрово беше главна тема на белгиската јавноста, поради страшната сообраќајна незгода во која заработил сериозни повреди.
Кијине успеал да ја преживее несреќата, и веднаш бил пренесен во болница. Од таму потврдија дека фудбалерот е тешко повреден, но дека е надвор од животна опасност.
Оваа страшна несреќа се случила синоќа во близина на Лиеж, кога Кијине возел пребрзо, а поради дождот неговиот автмобил изгубил контрола и удрил во насип покрај патот, и тој летнал со автомобилот и минал низ салата која се наоѓала во близина.
За среќа немало никој во салата. Исто така на социјалните мрежи се појави и видео каде се гледа страшната несреќа.
The incredible moment Belgian footballer Sofian Kiyine’s car flies through the air, crashing through a gymnasium wall.
Luckily, he’s still alive. 😯 pic.twitter.com/DfjGHTjfvY
— The Sportsman (@TheSportsman) March 31, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА