Страшни сцени: Фудбалер на Унгарија остана без свест на мечот со Шкотска

Сведоци сме на страшни сцени на мечот во Штутгарт меѓу Шкотска и Унгарија, откако унгарскиот напаѓач Барнабаш Варга колабираше на теренот по еден дуел во противничкиот шеснаесетник.

Собослаи нафрли од скратен корнер, делуваше дека шкотскиот голман се судри со еден свој соиграч, но најдебелиот крај го извлече Варга, кој веднаш по падот остана да лежи без свест.

Притрчаа лекарите на двете селекции, а останатите унгарски фудбалери се собраа околу Варга не дозволувајќи фотографирање или снимање на повредениот фудбалер. Варга на носилки беше изнесен од теренот, со аплаузи испратен од навивачите на двете селекции.

Сите фудбалери делуваат во шок, со надеж дека наскоро ќе добијат позитивни вести за состојбата на Варга, кој настапува за екипата на Ференцварош.

Се вчитува...